Урнебесни модни предизвици по кој Инстаграм „полуде“ (ФОТО)
Кој вели дека во карантин не ни е забавно?
Судејќи по социјалните мрежи, иако сите беа затворени во своите домови поради пандемијата на коронавирусот, сите се забавуваат благодарение на разните предизвици на Инстаграм и Тик-Ток, а еден од нив е жените своето голо тело да го кријат со перница, која глуми фустан… И славната актерка Хале Бери не му одолеа на #QuarantinePillowChallenge!
Сепак, можеби најинтересен од сите предизвици е #HomeCouture, кој ги поттикна љубителите на модата да ја вклучат својата креативност и да ги рекреираат моделите од ревиите на високата мода, се разбира, исклучиво со помош на предметите и парчињата што ги имаат дома.
Текст: Б. Стојменовиќ
Фото: Instagram, Getty Image