Тврдење на Зигмунд Фројд: Мажот е среќен со секоја жена, сѐ додека не ја засака!

Ова е неговата теорија

Познатиот психоаналитичар имал контроверзни теории, а многу од нив се покажале како точни во пракса

Фројд е еден од најконтроверзните научници на 20 век. Неговиот придонес во психологијата е огромен, а го овековечиле две откритија: тој ја разоткрил мистеријата на човечкиот сон и прв го пронашол универзалниот клуч за човечката потсвест.

Ова се некои од неговите тези…

1. Големината на вашиот идентитет се одредува со големината на проблемите што можат да ве извадат од такт.

2. Мажот е среќен со секоја жена, додека ја засака.

3. Пред да се дијагностицирате себеси со депресија и ниска самодоверба, задолжително уверете се дека не сте опкружени со идиоти.

4. Сѐ што правите во креветот е прекрасно и апсолутно правилно. Важно е само да им се допаѓа тоа на обајцата.

5. Кучињата ги сакаат своите пријатели а ги напаѓаат непријателите, сосема спротивно на луѓето кои не се способни за чиста љубов и кои секогаш ја мешаат љубовта со омразата.

6. За сексуална девијација може да се смета единствено отсуството на секс. Сѐ друго е прашање на вкус.

7. Идеална, вечна, прочистена од омраза, љубов постои само помеѓу зависникот и дрогата.

8. Невроза е неспособност да се толерира нејаснотијата.

9. Колку побеспрекорен е човекот однадвор толку повеќе демони има во него.

10. Ние никогаш не сме поранливи од тогаш кога сакаме и никогаш не сме толку безнадежно несреќни колку кога ја губиме љубовта.

11. Првиот знак на глупавост е потполното отсуство на срам.

12. Децата се целосно егоистични: силно ги чувствуваат своите потреби и немилосрдно се борат да ги задоволат.

13. Луѓето се поморални одошто мислат и многу понеморални одошто можат да замислат.

14. Поголемиот дел од она што е внатре во нас е несфатливо, а она што е препознатливо, е реално.

15. Секој нормален човек, всушност е само делумно нормален.

16. Ако сѐ сте му простиле на човек, тоа значи дека сте завршиле со него, засекогаш.

17. Времето поминато со мачки никогаш не е залудно потрошено.

18. Човек може да се брани против секој човек, но против пофалбите останува беспомошен.

19. Повеќе тежнееме кон тоа да одбегнеме болка одошто да доживееме радост.

20. Во моментот кога човек почнува да се сомнева во својот живот и во својата вредност, тој станува болен.

Фројд тврдел дека во животот ништо не е случајно: Ги среќаваме само оние што веќе постојат во нашата потсвест!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.