Цел свет се шокира кога објави дека е бремена во 47-та година, а сега Камерон Дијаз објаснува како изгледа нејзиното мајчинство

Холивудската актерка одлучи да го сподели тоа искуство со своите обожаватели.

Во декември 2019 година, Камерон Дијаз и нејзиниот сопруг, музичарот Бенџи Маден првпат станаа родители.

Земајќи предвид дека има 47 години, оваа вест стана вирална, а Камерон им даде нова надеж на жените што не се откажуваат од желбата да станат мајки.

Од раѓањето на нивната ќерка помина една година, па актерката одлучи да раскаже како е да се биде мајка на поодмината возраст.

Толку ми е драго што ја гледам како расте, што сум дел од тоа и што ѝ помагам да биде своја, што е едноставно неверојатно“, вели Камерон, и додава: „Луѓето се венчаваат и основаат семејство кога се млади. Јас го направив тоа во втората половина од животот. Ми се допаѓа и тоа што животот ми е конечно приватен, но сепак постои одреден притисок дури и во подоцното мајчинство – ќе мора да живеам отптилика 107 години“, се пошегува таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

Да имаш семејство додека си млад е како и се’ друго на таа возраст, едноставно – гоправиш тоа! Но кога си на моја возраст и одлучуваш да основаш семејство, тоа е вистински избор. За тоа мора да се потрудиш“, објасни Камерон Дијаз на крајот.

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.