Трогателен статус на популарниот актер за борбата на синот со карциномот
„Малиот е опасен, остар како жилет“
Вилијам Болдвин (56) објави на својот инстаграм-профил фотографија од својот син Венс (17), кој пред една година заболе од рак, под која напиша емотивна порака.
Пред една година, на син ми Венс му беше дијагностициран рак… Tогаш имаше 16 години. Остана мирeн, како и сите ние. Помина 28 хемотерапии, но и понатаму остана многу позитивен, концентриран, живеејќи што е можно понормален живот… секој ден“, напиша популарниот актер покрај фотографијата преземена од профилот на Венс, на која тој „пркосно“ ја закопчува кошулата со принтови на кои пишува #F#ckCancer.
Малиот е опасен. Остар како жилет, неверојатно смешен, цврст како нокт и со срце од злато. Храброст. Сила. Срдечност. Став. Воин. Никогаш немам видено нешто слично на тоа. Никогаш не сум бил толку горд. Те сакам, сине“, напиша актерот и им се заблагодари на сите за поддршката.
View this post on Instagram
Remember… before there was “Brangelina” or “Jailey”… there was “Chilly.” 🤪
Сопругата на Болдвин, пејачката Чајна Филипс ја искоментира неговата објава со зборовите:
Нашето дете, нашиот јунак“.
Вилијам и Чајна се во брак од 1995 година, а освен Венс ги имаат ќерките Џејмисон и Брук.
Фото: Инстаграм