Трикови и совети што ќе ви помогнат да изгледате убаво на плажа

Како да изгледате добро на плажа е прашање што речиси секој си го поставува пред годишниот одмор. Ви откриваме едноставни трикови…

Правилен избор на костим за капење

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @victoria_tsizdyn

Постојат одредени трикови што можат визуелно да ни помогнат. На пример, вертикалните линии не’ прават повисоки и ни ја издолжуваат фигурата.

Бикини со длабок струк ги прават нашите нозе да изгледаат подолги.

Карнеритете и ресите на горниот дел од костимот за капење им даваат волумен на градите.

Ако имате пошироки колкови, изберете горен дел од бикини со детали како светки или монистри. Исто така, се советува да изберете костим за капење што ќе биде потемен во делот што сакате да го стесните.

Парео или марама за плажа

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LIVMORE THE LABEL (@livmorethelabel)

Марама за плажа е одличен додаток на вашиот аутфит. Девојките со облини треба да ги врзуваат малку над линијата на половината. Исто така, избегнувајте големи принтови. Пониските дами треба да изберат марами со средна големина.

Модни додатоци

Малите детали се одлични да го одвлечете вниманието од евентуалниот недостаток. Избирајте ѓердани и обетки со шарени нијанси или, пак, очила за сонце со интересни и шарени рамки.

Крпа за плажа

Избирајте крпи што се широки и големи, затоа што во нив ќе изгледате поситни.

Обувки

Сандалите што се врзуваат или што имаат многу ремчиња визуелно ги скратуваат нозете. Рамните сандали придонесуваат стапалата да изгледаат помали, додека, пак, рамните апостолки имаат спротивен ефект.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 雨宮める (@amamiya_melty)

На крајот на денот, советот е да не се оптоварувате премногу и да уживате во деновите од одморот.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Инстаграм, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.