Токсични садови: Со што да се заменат

Здрав дом

Главен показател за квалитетот на садовите не е убавината, туку безбедноста. А таа директно зависи од материјалот од кој е направено тавчето или тенџерето. Избирајте внимателно…

ТЕФЛОНСКИ САДОВИ

Се одликуваат со добри огноотпорни својства, но при загревањето ослободуваат токсични материи. Нивното влијание на човечкиот организам не е во целост проучено, но сепак не треба да се ризикува здравјето.

Алтернатива: Лееното железо е безбедно за здравјето, не дозволува храната да загори, ја загрева рамномерно и долго ја чува топлината. Јадењата приготвени во такво тавче се сочни и меки. Единствениот минус му е големата тежина.

ЕМАЈЛИРАНИ

Се произведуваат од челик и се обложува со емајл, кој се смета за комплетно безбеден материјал. Погодни се за приготвување и чување јадења, посолување и маринирање. Но, при невнимателно ракување на него може да се излупат и да се појават пукнатини, како и ’рѓа.

Алтернатива: Набавете емајлирани садови со површина од не’рѓосувачки челик, кој спречува појава на оштетувања.

АЛУМИНИУМСКИ

При загревање кисела храна од површината на алуминиумските садови се ослободуваат штетни супстанции што стигнуваат во организмот. Затоа не се исплати да се користи за приготвување и чување кисели и пикантни јадења.

Алтернатива: Садовите од не’рѓосувачки челик изгледаат убаво, отпорни се и долговечни, не оксидираат, едноставно се одржуваат. При термичка обработка храната не ги губи корисните својства и вкусот. Меѓутоа, во составот на овие садови влегува никел, кој е јак алерген. Проверете дали членовите на вашето семејство се алергични на него.

Избирајте тенџериња со дебелина на ѕидот од најмалку половина сантиметар и дно со дебелина од три милиметри, без гребаници и рапавост.

КЕРАМИЧКИ

Овие садови имаат огноотпорни својства, но најчесто многу кратко. Керамиката исто така не може да издржи нагли осцилации на температурата (на пр. доколку на врело тавче сипете ладна вода, тоа може да пукне).

Алтернатива: Квалитетно тавче од стопроцентна керамика ќе ве израдува со тоа што беспрекорно ќе ве служи неколку години. Но фалсификатот може да стане неупотреблив уште по првото пржење.

Текст: Јулија Руслановна Литвинович, лекарка 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.