Тој знаел што ѝ треба на човечката душа: 17 совети на Зигмунд Фројд за лекување анксиозност и остварување на соништата!

Задолжително прочитајте!

„Депресијата не е ништо друго освен заледен страв“, зборувал познатиот психоаналитичар

Познатиот Зигмунд Фројд знаел да ја разбере човечката душа и да сфати што ѝ треба. Неговото дело продолжило да живее со децении по неговата смрт, па денес ви пренесуваме 17 совети на Фројд кои ќе ви помогнат да се ослободите од анксиозноста и подобро да се разберете себеси.

1. Мистеријата на човечката душа лежи во психичките драми од детството. Кога ќе стигнете до нивната суштина, ќе следи вашето излекување.

2. Секој човек може да оздрави кога ќе ја ослободи својата сексуалност.

3. Единствениот човек со кого треба да се споредувате е оној кој сте биле во минатото. Единствената личност од која треба да бидете подобро е онаа којашто сте сега.

4. Силата и самодовербата не треба да ги барате околу себе, туку во себе. Тие отсекогаш биле тука внатре.

5. Анксиозноста е жариште на многу проблеми – кога ќе ја решите загатката на анксиозноста, ќе ја разберете целата ментална состојба на една личност.

6. Неврозата е неспособност да толерираш неизвесност.

7. Во љубовната врска не смеете да се штедите, тоа само доведува до оттуѓување. Ако постојат препреки, мора да се надминат заеднички.

8. За жал, потиснатите емоции не умираат. Тие само молчат. И продолжуваат да влијаат врз вашиот живот однатре.

9. Ништо не е случајно, сѐ има свој корен.

10. Во суштина, она што го нарекуваме среќа најчесто е резултат на неочекуваната сатисфакција од долго одложуваните потреби.

11. Мажот кој ѝ бил миленик на својата мајка, цел живот носи чувство на победник и верување во среќата, што честопати го доведува до голем успех.

12. Сонот никогаш не се занимава со ситници, свеста не дозволува нешто неважно да нѐ вознемирува во сон. Навидум невините соништа не се толку наивни, ако се впуштите во нивно толкување.

13. Депресијата не е ништо друго освен заледувачки страв.

14. Колку само храбар и самоуверен станува човекот кога чувствува дека е сакан.

15. Луѓето на кои не им се допаѓа реалноста живеат во свет на фантазии и го замислуваат исполнувањето на своите желби. Силната личност овие желби ги претвора во реалност, додека слабата личност продолжува да живее во својот свет, а фантазиите стануваат причина за разни болести.

16. Да се биде потполно искрен со себе е најдобрата ментална вежба.

17. Само вистинското разбирање на соништата од детството може да ви донесе вистинска среќа.

10 тешки и сурови вистини од Зигмунд Фројд: Ќе ви ги отворат очите
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.