Испробајте го овој тикток-тренд и откријте колку боите можат да го излечат вашиот ум!
Дали сте слушнале за најновиот велнес-феномен што го освои Тикток? Се нарекува Color Walk – прошетка што го менува начинот на кој го доживувате светот околу себе.
Идејата е едноставна, а ефектот – изненадувачки силен: пред да излезете од дома, одберете една боја, а потоа за време на прошетката набљудувајте сè што ја содржи токму таа боја.
Оваа едноставна, но длабоко смирувачка практика им помага на луѓето да ја вежбаат присутноста и полната свесност, наместо мислите да им лутаат кон обврски, мејлови и рокови.
Пешачење со смисла – терапија без терапевт
Сите знаеме дека пешачењето е добро за телото, но Color Walk додава нова димензија – мир за умот.
Кога се фокусираме на боите околу нас, ние несвесно го забавуваме ритамот, го регулираме дишењето и ја ослободуваме менталната напнатост.
Доколку ви е тешко да „го исклучите“ умот додека шетате, оваа метода е совршен начин за приземјување, фокус и смирување.
Испробајте го денес!
-
Изберете боја – на пример сина.
-
Излезете надвор и барајте сини нешта – небо, врати, цветови, автомобили…
-
Секојпат кога ќе ја забележите бојата, вдишете длабоко и насмејте се.
Вежбата изгледа едноставно, но токму во тоа е нејзината сила. Таа ќе ви помогне да го видите светот појасно, да се смирите и да се поврзете со сегашниот момент.
Најубавите прошетки не се оние со најмногу чекори, туку со најмногу свесност. Испробајте го овој Тикток тренд и откријте колку боите можат да го излечат вашиот ум!
Текст: Убавина и здравје