Тијана Дапчевиќ искрено: „Немав врат, а рацете ми беа колку бутовите“

Во периодот на бременоста

Фото: Бошко Карановиќ

Во едно свое интервју, поп-пејачката Тијана Дапчевиќ се потсети на периодот од пред 13 години, кога беше бремена со својот син Вук, и откри дека тогаш се здебелила 45 килограми, па пред породувањето тежела 115 килограми (инаку, висока е 183 сантиметри!).

Буквално, како да носев уште еден човек на себе. Немав врат, а рацете ми беа колку бутовите. Тогаш одлучив да преземам нешто во врска со тоа. Меѓутоа, почнав да слабеам дури кога сфатив дека не ми е потребна никаква диета, туку дека треба да го сменам начинот на живот“, искрена беше Тијана, која објасни:

„Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомне зборот ‘диета’. Тогаш мислиме само на храната и на тоа што ќе јадеме, а што нема да јадеме“, изјави пејачката.

Како што истакна Тијана денот го започнува со овесни снегулки со чиа-семе и црвено овошје, за ручек обично јаде месо од мисирка со зеленчук, а за вечера орада со салата.

 

Имав криза на почеток, но дадов сè од себе за да издржам. Сите треба да се храниме без шеќер, брашно и млеко. Така ќе ја имаме телесната тежина која ја посакуваме. Меѓутоа, како и останатите жени така и јас често се опуштам, па знам да се здебелам“, изјавила Тијана на која целта ѝ е да ослабне уште девет килограми.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.