Нашата водителка Александра Пановска Илиевска испрати инспиративна порака
Повеќето луѓе не му се радуваат многу на првиот ден во неделата, бидејќи тоа значи крај на викендот и враќање назад на работа и на секојдневните обврски. За да го преживееме понеделникот, обично ни треба малку повеќе мотивација – токму затоа и му се израдувавме на позитивното видео што го сподели нашата водителка Александра Пановска Илиевска.
Таа на својот профил на Инстаграм сподели топло семејно видео во кое се гледа како танцува заедно со сопругот и ќеркичката.
View this post on Instagram
На видеото напиша и инспиративна порака, со што им посака убав понеделник на своите следбеници на социјалните мрежи:
„Танцувај низ животот… затоа што токму во тие мали чекори се кријат најголемите спомени.“
Водителката, инаку, моментално е на одмор со семејството во Хрватска и редовно споделува впечатоци од патувањето на својот инстаграм-профил.
View this post on Instagram
ФОТО: ИНСТАГРАМ