Супермама: Вака изгледа кога мора да работиш, а бебето е гладно (ФОТО)
Фотографијата со која Кејт Хадсон го воодушеви светот
Иако неодамна третпат стана мајка, раѓајќи го девојчето Рани Роуз, која и’ е прво дете со актерот Дени Фуџикава, Кејт Хадсон е веќе пред камерите! Сепак, таа не им го остави бебето на дадилките и на вештачко млеко, туку го зеде со себе на филмскиот сет. Без разлика на обврските и работата, Кејт не ја заборави најважната работа на секоја мајка – доењето. Опкружена со камери и фотоапарати, Кејт на целиот свет му покажа како е да си мајка на прво место.
Вака изгледа кога мора да работиш, а бебето е гладно“, порача Кејт во описот на фотографијата на која го дои своето девојче за време на паузата од снимањето.