Султанот имал четири жени: Кога умирал, само една останала до него!

Животна лекција

Прочитајте ја оваа мудра, народна приказна од Истокот

Еден султан имал четири жени. Најмногу ја сакал својата четврта сопруга – најмладата и најмилата. Султанот и’ подарувал богата облека, накит и слично. Била среќна и задоволна.

Султанот исто така ја обожавал и својата трета жена – невидена убавица, која со задоволство ја водел со себе на патувања.

На султанот му била драга и неговата втора сопруга – лукава и софистицирана, склона на интриги. Таа нему му била личност од доверба, секогаш паметна, љубезна и трпелива. Кога имал проблеми, султанот секогаш и’ се обраќал нејзе, бидејќи само таа знаела да најде решение за речиси секој негов проблем.

Првата сопруга била најстара и неа султанот ја добил во наследство. Таа била најлојална сопруга и правела се’ за да го сочува богатството на султанот. Меѓутоа, султанот не ја сакал. Дури и му пречело што таа толку многу го сака и почитува.

Еднаш султанот многу се разболел. Се сетил во каков луксуз живее, па помислил: „Сега имам четири жени, но кога ќе умрам, ќе умрам сам.“

Се свртел кон својата четврта жена и ја прашал:

„Те сакав повеќе од која било друга. Ти дадов се’, те негував со посебно внимание. Сега кога се разболев, дали си подготвена да ми се придружиш во царството небесно?“

„Не сум јас за тоа, чесен султане“, му кажала четвртата сопруга, а нејзините зборови го прободеле како нож во срце.

Со тешко срце султанот ја прашал својата трета жена:

„Ти се восхитував цел живот, сега кога умирам, дали си подготвена да ми се придружиш во царството небесно?“

„Животот е толку убав! Кога ти ќе умреш, јас ќе се премажам“, дрско му одговорила третата сопруга.

Султанот бил тажен, неговото срце никогаш не почувствувале таква болка. Потоа, султанот се свртел кон својата втора жена:

„Секогаш ти се обраќав за помош, бидејќи ми беше најдобар советник. Сега кога умирам, дали си подготвена да ми се придружиш во сенката на задгробниот живот?“

„Жал ми е што не можам да ви помогнам овој пат“, одговорила втората сопруга. „Најмногу што можам да сторам за вас е чесно да ве погребам.“

Нејзиниот одговор го погодил султанот како илјада громови. Во тој момент слушнал глас:

„Ќе појдам со тебе каде сакаш! Заедно во живот, заедно во смрт!“

Султанот се свртел и ја здогледал својата прва сопруга, скршена од тага и речиси непрепознатлива.

„Требаше да бидам повнимателен кон тебе кога имав шанса!“

Како и султанот, секој од нас има четири жени:

Нашата четврта сопруга е нашето тело: без разлика колку труд и време вложуваме во него да изгледа добро, ќе не’ напушти кога ќе умреме.

Нашата трета жена е нашата кариера, положба, пари, богатство, социјален статус: Кога ќе умреме, тие ќе им припаднат на други.

Нашата втора сопруга се нашето семејство и пријатели: без разлика колку ни помагале, најмногу што можат да направат за нас кога ќе умреме е достоинствено да не’ погребат.

Нашата прва сопруга е нашата душа која често ја игнорираме поради потрага по среќа, моќ, богатство и задоволство. И покрај тоа, душата е единствената што ќе не’ следи каде и да одиме.

Грижете се за душата, угодувајте и’, штитете ја, бидејќи само така ќе си го дадете најголемиот подарок.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.