Според науката: Ова се 10-те најубавите мажи на светот (ФОТО)

Дали се согласувате?

Роберт Патинсон е прогласен за славна личност со најубаво лице на светот. Имено, британскиот хирург д-р Џулијан да Силва открил начин да пресмета колку е совршено нечие лице врз основа на процентуалниот сооднос на усните, брадата, очите и другите карактеристики. Откриено е дека резултатот на Патинсон е најблизу до совршената формула, дури 92,15 проценти.

Тој беше меѓу петте совршени во скоро секоја категорија на мерење, бидејќи сè на лицето му е класично. Единствената категорија во која постигна малку помал резултат беше формата на усните, кои се малку потенки и помалку привлечни”, објасни д-р Де Силва.

Актерот Хенри Кевил, sпознат како новиот Супермен, се најде на второто место со 91,64 проценти, а трет е холивудскиот заводник Бредли Купер со 91,08 проценти.

Познатиот убавец Бред Пит заврши на четвртото место со 90,51 процент и Џорџ Клуни со 89,91 проценти е на петтото место.

Потоа следуваат Хју Џекман (89,64), Дејвид Бекам (88,96), Идрис Елба (88,01), Канје Вест (87,94) и Рајан Гослинг (87,48).

Фото: Getty Images

Де Силва во своето истражување ја користел формулата на „антички златен однос на убавината Фи“, познат како златна средина или златен сооднос, за која уште од античко време се верува дека ја одржува формулата за совршенство.

Формулата ја користел и Леонардо Да Винчи додека го скицирал својот витрувијански човек, скица на која е прикажано совршеното машко тело.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.