Сосема неочекувана порака на Емили Ратајковски: „Би сакала некој да ме охрабреше да бидам повеќе од своето тело (ФОТО)
Ги „збуни“ следбениците
Британската моделка и актерка Емили Ратајковски малку ги „збуни“ своите многубројни следбеници со објавата на својот инстаграм-профил.
Имено, убавата Емили, која важи за една од најсексапилните жени на светот, објави фотографија од периодот кога имала 14 години, а на која позира во костим за капење.
Сосема неочекувано, таа остави силна порака за 14-годишните девијчиња што ја следат на социјалните мрежи.
Порано им ја покажував оваа фотографија, на која имам 14 години, за да докажам дека моето тело е сосема природно. Денеска сум тажна што воопшто постои. Бев само дете на оваа слика и би сакала некој тогаш да ме охрабреше да бидам повеќе од своето тело.
Без оглед на тоа, сè уште се чувствувам како да сум оснажена преку моето тело и мојата сексуалност преку моделството и платформите како Инстаграм.
За среќа, открив делови од себе кои се поважни од сексуалноста. Ако сега ова го чита некоја 14-годишна девојка, нека не се оптоварува премногу со ова. Читај многу книги и знај дека тоа што го гледаш на Инстаграм е само мал дел од комплетното и прекрасно сложено човеково битие“, порача популарната моделка.
Фото: Instagram @emrata, Getty Images