Слушнете ја песната за која научниците тврдат дека го намалува стресот за 65%

Релаксирајте се

Фото: Pexels

Преоптерете ни сте и не можете да издржите? Тоа е синдром на емоционално прегорување кој предизвикува разни емоционални и физички симптоми како што се замор, исцрпеност, главоболки, недостаток на самодоверба, губење на апетит, тешкотија во концентрирањето…

Обично е предизвикано од континуирана работа во нереално кратки термини, што создава голем притисок врз телото.

За среќа, денес постојат многу техники за олеснување и намалување на стресот, а невролозите од Велика Британија имаат дефинирано мелодии кои само помагаат да се опуштите.

Мелем за душата и психата

Покрај подобрување на расположението, музиката влијае и на нашето здравје. Многу лекари, како и терапевти, го признаа нејзиниот позитивен ефект, па затоа ја користат веќе некое време како една од формите на третман на разни болести, како што се депресија, Алцхајмерова болест, но и за нарушувања на спиењето.

Во студијата на Mindlab International, д-р Дејвид Луис-Хоџсон откри песна која има неверојатно релаксирачки ефект врз испитаниците. Имено, на учесниците им беа дадени предизвикувачки загатки што требаше да ги решат што е можно поскоро. Бидејќи таквата задача им предизвика одредено ниво на стрес, на испитаниците им беа пуштени различни песни за да се релаксираат. Истражувачите користеле сензори за мерење на мозочната активност, крвниот притисок, отчукувањата на срцето и стапката на дишење на субјектите, а една песна имала посебен ефект врз нивното однесување.

Marconi Union – „Weightless”

Слушањето на оваа песна резултираше во најголема релаксација од кој било друг што бил тестиран до тогаш, а резултатот беше неверојатно 65 проценти намалување на целокупната вознемиреност на учесниците.

Тоа е песна на групата Маркони Унион во соработка со музички терапевти. Внимателно уредените елементи како што се ритамот и басот помагаат да се забават отчукувањата на срцето, да се намали крвниот притисок и да се намали нивото на хормонот на стрес кортизол. Песната е исполнета со нежни и смирувачки мелодии, а инструментите што ќе ги слушнете се пијано и гитара комбинирани со лесен звук на електроника преку звучни снимки од природата.

Ричард Талбот, еден од изведувачите на песната и член на групата Маркони Унион, рече дека за него работењето на овој музички проект е фасцинантно искуство бидејќи научил како и зошто одредени звуци влијаат на расположението на луѓето.

„Weightless“ трае осум минути и досега се слушаше повеќе од 54 милиони пати, а сега можете да се одморите со неа:

Во случај да не ви помогне…

Бидејќи луѓето се уникатни суштества, во светот не постојат универзални работи што ќе одговараат на сите. На пример, иако оваа песна им помогна на многумина, не мора да значи дека тоа ќе биде исто и за вас. Но, не дозволувајте тоа да ве обесхрабри затоа што има уште неколку песни што ги препорача д-р Луис-Хоџсон. Зачувајте го здравјето на умот и телото, а следниот пат кога ќе се најдете во стресна ситуација, обидете се да се смирите со звукот на овие песни:

Rue du Soleil (Café Del Mar) – “We Can Fly”

Mozart – “Canzonetta Sull’aria”

Adele – “Someone Like You”

All Saints – “Pure Shores”

Coldplay – “Strawberry Swing”

Barcelona – “Please Don’t Go”

DJ Shah – “Mellomaniac (Chill Out Mix)”

Прочитајте и: На крајот, животот се сведува на ова: 5 работи поради кои луѓето најмногу се каат на смртна постела

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.