Сите се прашуваат која е тајната на младешкиот изглед на Сандра Булок (ФОТО)
Годините не ѝ можат ништо
Холивудската ѕвезда Сандра Булок, иако е во шестата деценија од животот, изгледа минимум 15 години помладо.
Педесет и петгодишната актерка не престанува да ги воодушевува сите со својот младешки изглед и со витата става, посебно поради фактот што досега нема направено некакви естетски корекции на лицето и телото.
Едноставно, таа редовно вежба, внимава на исхраната, доволно спие, избегнува да снима филмови по секоја цена, не чита зајадливи коментари земајќи предвид дека не е дел од социјалните мрежи и настојува да води здрав живот.
Најновите папарацо-фотографии што „осамнаа“ на социјалните мрежи повторно ја восхитија јавноста, како поради модерниот кежуал-стил на оскаровката, така и поради нејзиниот изглед на „девојка“.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм