,,Сиромашното” мени на Наоми Кембел

Нејзиниот готвач открива

Педесетгодишната Наоми Кембел и во шестата деценија важи за една од најубавите жени на светот. Бившиот супермодел во една пригода откри дека консумира само еден оброк дневно, а судејќи според зборовите на личниот готвач, дури и ова јадење мора да се прави според одредени прописи, бидејќи манекенката не јаде млечни производи, глутен и пилешко.

За неа готвам веќе цела деценија. Мојата работа е да приготвам едно јадење на ден од намирниците што Наоми ги набавува, многу едноставно и здраво. Таа е ‘итал’, што на јамајкански значи вегетаријанец. Јас ја приготвувам и храната што јаде кога патува патува, затоа што храната во авион не ѝ одговара”, изјави Шон Џон за „Пејџ сикс“, додавајќи дека Наоми не нарачува често од неговиот ресторан:

Фото: Getty Images

Наоми никогаш не порачува храна од ресторан. Доколку се одлучи за таа опција, секогаш бара да приготвиме нешто што го нема во менито. Јас секогаш создавам ново јадење за неа. Друга важна работа – Наоми обожава различни вкусови. Таа не одобрува сол и бибер, но навистина сака билки”, заклучи готвачот.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.