Синди Крафорд: Ја терале да ја отстрани, но токму бенката е нејзин заштитен знак

Инаку, бенка над горна усна е симбол на привилегиран живот

Синди Крафорд (54) е препознатлива по својата бенка над горната усна, која стана нејзин заштитен знак во 1990-тите години, кога беше на врвот на листата на најплатените топ-модели во светот.

 

Сепак, токму бенката долго време ѝ претставувала кошмар на убавата манекенка, особено во детството. Таа во едно свое интервју откри дека врсниците често се шегувале на нејзина сметка, така што во еден момент планирала да ја отстрани по хирушки пат, но мајка ѝ ја спречила во намерата.

Мајка ми секогаш велеше: ‘Знаеш како изгледа бенката, ама не знаеш како ќе изгледа лузната.’. Сега таа стана нешто по кое ќе ме паметат луѓето, а многу жени со бенки се идентификуваат со мене“, изјави Синди во една пригода.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.