Штом го прочитате ова, животот ќе ви се промени од корен: Моќни совети на најпознатиот британски филозоф

Мудри мисли

Ви гарантираме дека нема да прочитате ништо попаметно денес

Бертранд Расел бил британски филозоф и математичар. Познат е по Раселовиот парадокс во математиката и е добитник на Нобелова награда за книжевност во 1950 година.

Покрај тоа, тој има кажано некои мудри реченици што и денес се цитираат. Неговите совети ја откриваат вистинската суштина на животот.
Во 1959 година во една емисија го прашале кои се работите што ги научил и би сакал да им ги порача на генерациите што ќе живеат за илјада години.

Тогаш го кажал следново:

„Моралната порака што би сакал да им ја кажам е многу едноставна: љубовта е мудра, омразата е глупава. Во овој свет, кој е сè поцврсто поврзан, мора да научиме да се толерираме едни со други. Мора да научиме да го поднесеме фактот дека некои луѓе кажуваат работи што не ни се допаѓаат. Само така можеме да живееме заедно, а ако сакаме да живееме заедно, а не да умираме заедно, мора да научиме еден вид добрина и толеранција што се апсолутно витални за опстанувањето на човечкиот живот на планетава.“

Ви откриваме уште некои негови мудри мисли кои и денес се цитираат…

  • Победата на стравот е почетокот на мудроста.
  • Проблемот со овој свет е тоа што глупавите се многу самоуверени, а паметните се полни со сомнежи.
  • Им дозволувам да клеветат жени само на оние што признаваат дека заборавиле дека имале мајка.
  • Стравот е главниот извор на предрасуди и еден од главните извори на суровост.
  • Реалниот живот за повеќето луѓе е вечен компромис помеѓу идеалното и возможното.
  • Лудостите направени во младоста не можат да надоместат за сета мудрост во староста.
  • Немојте да се плашите од вашите необични размислувања, затоа што сите прифатени размислувања денес, некогаш биле необични.
  • Светот без љубов е свет без вредност.
  • Секој напредок на цивилизацијата на почетокот бил жигосан како неприроден.
  • Нанесувањето суровост со мирна совест е уживање за моралистите. Затоа го измислиле пеколот.
  • Искуството е безмилосен учител: прво ни дава ќотек, па дури потоа нè учи како треба да постапиме.
  • Тежнеењето кон знаење најмногу е поттикнато од желбата за моќ.
Сите вистински животи се убави и тешки: 10 мудрости на Иво Андриќ за сите времиња!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.