Што е Окинава диета и дали навистина е рецепт за долговечност?

Истражувања откриваат

Окинава е мал остров лоциран на југот на Јапонија, познат по долговечното население и нивните здрави навики во исхраната.

Но, освен различната и поздрава исхрана, причина за долговечноста на населението во Окинава е и нивниот начин на живот. Окинава е место со најголема концентрација на стогодишници во светот, а тајните на нивната долговечност се проучуваат од 70-тите години на минатиот век.

Исхрана

Како прво, Окинава исхраната а е различна поради намалениот внес на калории. Додека Европејците внесуваат помеѓу 2.000 и 2.500 калории на ден, жителите на Окинава трошат околу 1.800 калории на ден. Просечен жител на Окинава јаде околу 18 видови зеленчук и овошје на ден, или седум порции на ден. Повеќето од овие намирници се консумираат свежи, додека термички обработените се консумираат претежно во форма на разни чорби. Нивната исхрана е богата со соја, храна богата со омега-5 киселини, зелен и жолт зеленчук, морски плодови и сладок компир, за кои се проценува дека им носат дури 60 проценти од дневните калории. Она што треба да се истакне е фактот дека жителите на Окинава консумираат многу мала количина протеини и многу повеќе јаглени хидрати. Односот протеин-јаглени хидрати, попознат како сооднос Окинава, е 10: 1 во корист на јаглени хидрати.

Физичка активност

Населението во Окинава секојдневно се занимава со физички активности. Тие вежбаат редовно и често до длабока старост. Но, тие се посебни по тоа што не се занимаваат со агресивни физички активности или брзи и интензивни спортови.

Начин на живот

Жителите на Окинава живеат лесен начин на живот. Тие сакаат градинарство, повремен риболов, боречки вештини и поминување време со семејството. Целта и чувството на исполнетост ги наоѓаат во едноставните и малите радости во животот, и тие го нарекуваат „икигаи“, или причината зошто станале од кревет наутро. Исто така, жителите на Окинава не се ненадејни. Пред секој оброк застануваат, се заблагодаруваат за овошјето и јадат полека до првата ситост. Никогаш не се прејадуваат.

Истражувачите и научниците со години се обидуваат да дојдат до заклучок и тајна што лежи во долговечноста на овие островјани. Многумина беа убедени дека станува збор за добри гени и исхрана, но неодамнешното истражување покажа дека начинот на живот на икигаи е одговорен за намалените стапки на болести и пониските стапки на смртност. Затоа, ако сакате да имате долг живот и да бидете здрави, со грижа за исхрана и физичка активност, размислете зошто станувате од кревет секој ден.

Прочитајте и: Лоши навики кои ја трошат вашата енергија

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.