Шерон Стоун на работ на смртта: Актерката имала само 1% шанса да преживее

Загубила сè, но е жива

Фото: Getty Images

Славната актерка Шерон Стоун за списанието Варајети, на хуманитарниот настан посветен на здравјето на женскиот мозок во Лос Анџелес изјави дека никој всушност не разбира колку опасен може да биде мозочниот удар за жените и колку време е потребно за закрепнување од него.

Мене ми требаа седум години да закрепнам. Девет дена имав крварење во мозокот. Ја поднесував и нељубезноста и дрскоста на моите колешки, па и на судијата, која одлучуваше за старателството над моите синови“, вели некогашниот секс-симбол.

Во тоа време таа се разведуваше од новинарот Фил Бронстин, а истовремено се обидуваше да ја одржи кариерата во Холивуд.

А во меѓувреме, како што вели, загубила сè, но е жива.

Ако многу ве боли главата, појдете во болница. Јас отидов на лекар третиот ден по мозочниот удар. Повеќето луѓе во тој период умираат, а јас имав само 1% шанси да преживеам. Еден месец не се знаеше дали ќе останам жива. Немав поим дека сум била во толку тешка состојба додека прочитав во весниците“, порача актерката.

Фото: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.