Шармантниот роман „Баба ми ве поздравува и ви се извинува“ – подарок за 1 читател

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Со комична точност и со исцртување сосема нова реалност, Фредрик Бакман нуди приказна за животот и смртта и за едно од најважните човекови права: правото да се биде различен!

Книжевниот центар „Антолог“ на еден читател на февруарскиот број на списанието „Убавина и здравје“ му го подарува романот „Баба ми ве поздравува и ви се извинува“ од Фредрик Бакман.

Шармантен роман за девојче чија баба умира и остава зад себе серија писма, испраќајќи ја малата внука на патување што го оживува светот на бајките измислен од нив двете.

Елса има седум години и е поинаква од своите врснички. Нејзината баба има седумдесет и седум години и е тотално откачена. На пример, има навика од својот балкон да гаѓа непознати луѓе со пејнтбол-топчиња.

Две различни, а блиски перспективи. Бабата е најдобрата другарка на Елса. Всушност, единствената другарка.

Ноќе Елса се засолнува во приказните на баба си, во чудесната Земја на речиси будните и во кралството Мијама, каде што сите се поинакви и никој не мора да биде нормален.

Кога бабата умира, остава куп писма со кои им се извинува на луѓето на кои им згрешила во животот. Со писмата започнува најголемата авантура на Елса.

Доколку сакате да го добиете овој роман на подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од февруарската „У&З-лавина“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во мартовскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.