„Шанел” ќе произведува медицински униформи и маски за болници во Франција

Париската модна куќа Шанел, по другите познати брендови, за време на пандемијата на коронавирусот, ќе произведува медицински маски, поради нивниот сериозен недостиг во француските болници.

Министерот за здравство Оливие Веран изјави дека во Франција во просек се користат околу 40 милиони медицински маски неделно. Официјалните лица на легендарната француска марка „Шанел” рекоа дека се подготвени да ги прераспределат своите ресурси и да започнат со снабдување на докторите со потребната заштитна опрема и униформа.

Шанел во моментов е подготвен да произведува маски и униформи, само чекајќи дозвола од француските здравствени власти.

Шанел, исто така, донираше 1,2 милиони евра во ургентните болници за да ги обезбеди јавни болници и да им обезбеди на вработените осумнеделна плата.

Прочитајте и: „Калцедонија” во своите фабрики ќе произведува заштитни маски

Потсетуваме дека денес во Франција има 40.000 случаи на коронавирусот и повеќе од 2,5 илјади смртни случаи.

 

ФОТО: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.