Сека Алексиќ ја воодушеви својата обожавателка со овој потег (ФОТО)

Никој не ни претпоставуваше дека пејачката ќе и' одговори на коментарот

Фото: Принтскрин, Јутјуб

Фолк-пејачката Сека Алексиќ е во четвртиот месец од бременоста со второто дете, а на својот инстаграм-профил објавува како ги поминува трудничките денови.

Токму една од објавените фотографии, на која Сека си игра со својот првенец Јаков, предизвика коментар од страна на една следбеничка на популарната пејачка, која не ни претпоставуваше каква реакција ќе предизвика кај Сека.

Леле, колку сте слатки и колку ви е убава трамболината, штета што не сум во можност да му купам таква и на моето дете“, напиша обожавателката под една од поновите објави на пејачката. На изненадување на многумина, следуваше одговор од Сека:

Ќе ви купиме ние, дајте ни ја адресата, ќе му ја испрати Јаки на своето другарче“, напиша пејачката.

Откако обожавателката и’ ги испрати своите податоци, Сека и’ одговори:

Да сте живи и здрави и да ни испратите фотографија од другарчето! Ќе ви пристигне за три до пет дена“, одговори пејачката.

 

 

View this post on Instagram

 

Moj Serafim 😇

A post shared by Seka Aleksić (@seka_aleksic) on

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.