Се венчавала три пати и живеела со полни гради: 8 совети на познатата актерка за сите жени

Животот ја научил на ова

Кажете НЕ кога навистина го мислите тоа, соочете се со стравовите, љубете со сето срце, кажете „збогум“, направете милион фотографии!

Актерката, поранешен модел и активистка за права на животните, Али Мекгроу (81), во едно интервју открила кои се осумте важни работи што ги научила во животот, зошто е важно да знаете да кажете НЕ и како да стареете достоинствено.

1. Внимателно размислете што сакате

Многу луѓе го поминуваат поголемиот дел од животот јурејќи по работи и луѓе што не им требаат, додека вистинските желби и потреби ги потопуваат во несвесното. Нека ви стане навика, што е можно порано, еднаш неделно или макар еднаш месечно или годишна, да одморите, да најдете време за себе и да си дозволите во самотија да размислите што ви е најважно во животот и како се промениле вашите вредности со текот на времето. Променете го стилот на живот во согласност со вашите нови цели.

2. Престанете да им угодувате на сите

На прв поглед, желбата со никого да не се расправате и да им угодите на сите, се чини како нешто одлично. Сепак, луѓето што го пробале ова, знаат колку е тоа неблагодарно – вие гинете однатре во невозможна мисија, а невозможно е сите луѓе да ги задоволите. Не трошете сила и време на нешто што е невозможно да се оствари.

3. Научете да стареете достоинствено

Кога ќе научите да го цените и сакате вашето тело, колку и да е тоа старо, ќе бидете многу посреќни.

„Се сеќавам дека во младоста поминав многу време грижејќи се дали изгледам добро. Нема ништо поздодевно од тоа. Мислам дека кога ќе се доведеш себеси до статусот идеал, се претвораш во пластична кукла, лишена од сексуалност. А кому му е тоа потребно?“, се прашува Ели.

https://www.instagram.com/p/ByGPB4UnCBo/

4. Престанете да се споредувате со другите

Немојте да им се восхитувате на луѓето со совршени студиски фотографии. Нивниот живот е далеку од совршенството што мислите дека го гледате. Немојте да ја судите книгата по корицата. Ценете го вашиот живот таков каков што е. Сеќавајте се на сите убави работи што ви се случиле, учете од грешките и научете да барате светлина и во најмрачните тунели. Запомнете дека секој и сечиј живот е преполн со прекрасни можности, само ако умеете да ги препознаете!

„Идеален живот не постои. Тоа е една чудна човечка опсесија“, порачува Ели.

5. Не очекувајте признание од никого

Морате да си бидете самите себеси својот најголем обожавател! Другите луѓе, дури и оние најблиските, честопати не гледаат што сè правите за другите. Правете добро од лична желба, не за признание и благодарност од другите.

6. Здравиот живот не смее да биде извор на стрес

Секако дека е важно да се вежба и да се внимава на исхраната. Но менталното здравје не е ништо помалку важно од физичкото. Ако вашиот „здрав живот“ ви го зголемува стресот, направете некои мали отстапки. На пример, ако сте опседнати со тежината и го следите секој грам, прескокнете го тренингот еден ден и изедете некој убав десерт. Телото ќе реагира многу позитивно!

https://www.instagram.com/p/CCRCGsUnfAD/

7. Споделувајте го вашето искуство со другите

Можеби вие го земате вашето животно искуство здраво за готово, но тоа сигурно не е точно. Помладите генерации сигурно можат многу да научат од вас. Секако, тоа не значи постојано да ги замерувате децата и внуците со своите приказни ако тие не ги интересираат, но бидете подготвени да дадете добар совет во секоја ситуација.

8. Живејте до максимум

Ако одвреме-навреме сакате да си угодите себеси, нема потреба да се ограничувате или да дозволите што било да ве спречува во тоа. Пробајте го она што никогаш не сте го направиле. Кажете НЕ кога навистина го мислите тоа. Соочете се со стравовите. Љубете со сето срце. Кажете „збогум“. Направете милион фотографии. Живејте до максимум!

Кога некој ќе ве навреди и понижи, одговорете му вака: Одлични совети на познат руски психолог!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.