Сара Јо: „Ако константно трчате без да се завртите, може лесно да се загубите“

Искрено

Музичката ѕвезда истакнува дека ѝ придава радост кога може да ги усреќи блиските луѓе и ни открива дека најголем проблем ѝ претставува одредувањето на приоритетите. Би требало да научи да каже не, иако никогаш не би се откажала од чувствителноста и емпатијата.

Сара Јовановиќ е едно од најпопуларните имиња на музичката сцена, благодарение на своите вокално-танцувачки способности. Земајќи предвид дека нејзиното убаво лице секогаш го краси широка насмевка, сметавме дека ни е идеална соговорничка за темата: кои нешта ѝ придаваат задоволство.

Ме радува секое испиено кафе со блиските луѓе и со миленичето Нора, во омиленото кафуле во мојата населба. На деловен план, драго ми е што го завршувам албумот, што сум често во студиото и на кореографските проби“, ни вели Сара, а потоа се надоврзува дека поминала долг пат на промени пред да блесне на медиумското небо во регионот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)

Кога почнував, имав 18 години, наскоро ќе наполнам 28. Логично е тоа што во меѓувреме се случија многу промени. Порано престојот во домот го доживував како казна, нонстоп сакав да сум во акција, а сега многу ги ценам миговите на мир и повлеченост во домот“, истакнува пејачката, која е родена во Рим, а во Белград се преселила на 16 години, а потоа додава дека ја прави радосна кога е во можност да ги усреќува другите.

Ги набљудувам драгите луѓе, паметам што им се допаднало, претчувствувам што би ги развеселило, па во вистинскиот миг ги изненадувам токму со тоа што го сакаат. Мислам дека таквите гестови, се разбира во комбинација со многу други, помагаат во одржувањето на убави односи со пријателите, партнерот, соработниците… Кога ќе се посветиш на барањето на вистинскиот подарок, а тоа значи прво да размислиш, а потоа да одвоиш време за купувањето, сигурно нема да згрешиш. А особено е важно како ќе го спакуваш и подариш (се смее)“, раскажува бившата претставничка на „Евровизија“.

Сара вели дека одредувањето на приоритетите ѝ е најголем проблем.

Нештата ги сфаќам пресериозно, пристапувам премногу темелно. Отсекогаш бев таква, но во последно време, оваа моја особина премина во крајност. Секој ден се борам со тоа, но ако ништо друго, барем се освестив дека таа особина треба да ја сменам. Уште една ставка на која треба да поработам е да научам да кажам НЕ, иако никогаш не би се откажала од чувствителноста и емпатијата, затоа што ја сочинуваат мојата личност. Меѓутоа сметам дека треба да постои граница, бидејќи е предуслов за зачувување на менталното здравје и енергија за работите што ни се важни“, истакнува Сара, која работи на тоа да почне да ужива во доброто што ќе го постигне.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)

Една мана на мојата професија е тоа што уште не си го процесирал тоа што ти се случило, а веќе почнува нешто друго. Кога ќе постигнеш успех, не можеш да му се израдуваш, бидејќи веднаш се прашуваш дали ќе успееш да го повториш. Во оваа индустрија константно се бара нешто ново, нешто што ќе привлече внимание, ќе ја освежи сцената… Настојувам во конкретниот миг, сепак, да застанам и да си оддадам признание, бидејќи – гледано на долги патеки – ако константно трчате без да се завртите, може лесно да се загубите“, заклучува Сара.

БЕЗ ШТО САРА НЕ МОЖЕ ДА ГО ЗАМИСЛИ ЖИВОТОТ

Песна: Industry baby, Лил Нас

Серија: „Пријатели“

Активност: танц

Текст: Н. Човиновска

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.