„Само седев и тивко плачев“: По најголемото понижување во животот, се случило нешто што ВЕЧНО ЌЕ ГО ПАМЕТИ

Додека чекала авионот да полета за Чикаго, Савана Филипс доживеала огромно понижување, а потоа и најпријатното изненадување. Сето тоа придонесе добро да го запамети тој лет, а потоа да објави приказна за него на Фејсбук.

Тој ден летот за Чикаго беше одложен поради невремето.

Се трудам секогаш да седам сама во редот за да не седи некој до мене. Не сум најголемата личност во авионот, но не сум и најмалата. Мојот најлош кошмар е некој да се чувствува непријатно што мора да седи до мене“, напиша Савана, која е мајка на две деца.

Таа желба не ѝ се исполнила на патот кон Чикаго, па морала да седне покрај маж на околу шеесет години, кој носел жолти очила за сонце и испраќал пораки на мобилниот телефон. Љубезно станал за да ѝ дозволи на Савана да седне, а набргу потоа прочитала дека некому пишува дека седи до „смрдлива дебела“.

Не знам ни што пишуваше подолу затоа што брзо се свртев. Бев шокирана и тоа беше само потврда за негативните работи кои секојдневно ги мислам за себе. Ми стана неподносливо топло и солзи ми течеа по лицето. Седнав, тивко плачев надевајќи се дека нема да сака да разговара со мене затоа што во тој случај не знам како ќе реагирав, а не сакав да ме исфрлат од авионот“, додаде таа.

Кога пилотот набрзо објавил дека ќе почекаат уште половина час за полетување, ѝ станало уште понепријатно.

На нејзино големо изненадување, човекот што седел на задното седиште го потапкал непристојниот патник по рамо и му рекол да ги сменат седиштата.

Пишуваш пораки за неа, а јас тоа нема да го толерирам“, му рекол.

Седна до мене и ме праша дали ја прочитав пораката. Кимнав со главата. Ми рече дека видел што напиша човекот и тоа го налути толку што морал да направи нешто. Ја запрел стјуардесата и ѝ кажал дека сака да ги замени местата со патникот пред себе, и таа му дозволила“, вели Савана, чија приказна веќе неколку години привлекува интерес на мрежите и порталите.

Фото: Илустрација

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.