Психолозите тврдат: Јануари е најтешкиот месец за промени – еве кога е идеалното време за донесување одлуки!

Го кажале своето мислење

Иако многумина мислат дека во новата година ќе влезат попаметни со нови животни цели, експертите не се согласуваат со тоа

Почетокот на годината обично е време за одлуки, па многу луѓе во јануари се определуваат за промени. Меѓутоа, голем број луѓе брзо се откажуваат од нив.

Тим Боно, психолог на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис тврди дека најдобро е да се донесува одлуки напролет, а не во јануари.

Имено, пролетта со себе носи и подобро расположение, за разлика од студениот и депресивен јануари.

„Можеби треба да заборавиме дека 1 јануари е најдоброто време за донесување одлуки. Можеби ова е најтешкиот месец за промени“, открил доктор Боно и додал дека студеното време го отежнува постигнувањето на посакуваните цели.

Исто така, смета дека „падот“ на расположението што настапува по празниците не е никако добар за промени. Тоа може да значи помала мотивација за нови одлуки.

Боно објаснил дека дури и оние што живеат во потопли климатски услови имаат проблеми со одлучувањето, бидејќи деновите се пократки во зима.

„Многу често го потценуваме тоа колку сончевата светлина може да влијае врз нас. Првите денови од јануари се најкратките во годината. Знаеме дека кога сончевата светлина влегува во видниот систем, активира невронски кругови поврзани со многу психолошки состојби. Некои луѓе го напуштаат домот во мрак кога одат на работа, а дома повторно се враќаат од работа во мрак. Ограниченоста на сончева светлина може да влијае врз нашата целосна благосостојба и ниво на енергија“, тврди Боно.

„Само сетете се што се’ дејствува против вас во овој период од годината. Нема ништо лошо во тоа да почекате неколку месеци кога околностите ќе бидат подобри и поповолни за одлучување“, заклучил Боно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.