Психологот Михаил Литвак: Само паметен човек умее да ужива!

Мудри мисли

Совет од психолог: Како да реагирате на сопствените грешки и во кој правец да ги насочите емоциите

Глупоста многу често облекува маска на емотивност. Таквиот човек од обвинувањата за неговото глупаво однесување се брани со изјавата: „Јас сум емотивна личност!“ Тоа првенствено се однесува на негативните емоции, како што се гнев, страв, вознемиреност и копнеж.

Психолозите одамна утврдиле дека недостигот на информации и неспособноста да се процени ситуацијата предизвикуваат силни негативни емоции и кај паметните и кај глупавите луѓе. Но паметниот човек извлекува заклучоци од своите неуспеси, стекнува искуство, така што нареден пат добро се снаоѓа во иста таква ситуација и повеќе нема негативни емоции, бидејќи се’ му е јасно, дури и ако не му оди најдобро.

Мора да бидете активни, бидејќи само тогаш енергијата вложена во емоциите се претвора во дела. Кај глупавиот човек, таа се одразува како лутина или раздразливост. Само што лутата будала ги истура емоциите на другите, а раздразливата ги скротува и ги насочува кон себе, дури и се фали со тоа: „Однатре вријам, но се контролирам!“ Тоа е најлошиот вид на психолошка состојба.

Колку е човек попаметен толку посмирен станува, не само однадвор, туку и однатре. Дали паметниот човек е емотивен? Да, многу. Само што своите емоции ги насочува кон работа. Тој е како пловна река која на површината е мирна, а под неа е длабока. Моќта на текот се чувствува кога ќе влезете во реката. Затоа паметните луѓе не се толку впечатливи.

Емотивниот, но глупав човек, личи на планински поток кој прска вода наоколу (жежок темперамент) или има големи вители (раздразливост). И во двата случаја, не е ниту пловен ниту корисен.

Еве уште една аналогија што го отсликува односот на умот и чувството. Умот треба да го гледате како канал за емоции. Затоа емотивната личност мора да поседува уште поширок канал за интелект од оние помалку емотивните. Тогаш сите емоции ќе тргнат кон акција. А кога човек е окупиран со работа, тој има само една емоција и тоа позитивна – емоција на полет. И тогаш постигнува успех, а неговиот емоции од широкиот канал за висок интелект влегуваат во бескраен океан на радост.

Можеби Франсоа ла Рошфуко сепак не бил сосема во права кога рекол дека срцето секогаш треба да ја надмудрува главата. Многумина се плашат да станат помудри, бидејќи мислат дека така ќе станат емоционално празни и бесчувствителни. Бесмислен страв. Напротив! Само паметниот човек умее да ужива, а колку повеќе разум има во него, толку е задоволството поголемо.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.