Проверен рецепт за среќа од легендарниот Чарлс Дикенс: Ја објаснил суштината на животот со само една реченица!

Вреди да се прочита

И денес се цитираат неговите зборови

Чарлс Дикенс бил најзначајниот англиски писател во 19. век. Неговите дела припаѓаат на раната фаза на реализмот, а Дикенс денес се смета за основоположник на социјалниот роман. Можеби најголема е нговата заслуга што и пониските класи почнале да се интересираат за литература, бидејќи тој покажал дека секој може да ужива во добрата книга.

Покрај со книжевна работа, помалку познато е дека Дикенс се занимавал и со хуманитарна работа и им помагал на сиромашните. Го основал засолништето Urania Cottage – прифатилиште за проститутки од работничка класа и со него управувал десет години.

На 9 јуни, 1865 година, на враќањето од Париз во Тернан, возот во кој патувал Дикенс имал сообраќајна несреќа. Првите седум вагони се излизгале од мостот кој бил на поправка. Единствено во колосек останал вагонот од првата класа во кој бил и Дикенс. Пред да стигнат спасувачите, писателот им помагал на жртвите.

Иако не се здобил со никакви повреди, Дикенс никогаш не закрепнал од траумата од оваа железничка несреќа. Во тоа време го пишувал романот „Нашиот заеднички пријател“ и критичарите сметаат дека токму по несреќата во него вклучил и некои свои размислувања за животот и за соочувањето со смртта.

„Имај срце кое никогаш нема да стане тврдо, темперамент кој никогаш нема да се умори и допир кој никогаш нема да повреди“, запишал тој во ова дело.

Иронично, „Нашиот заеднички пријател“ било последното завршено дело на Чарлс Дикенс и еден вид негов тестамент и поука за идните генерации.

На 8 јуни, 1870 година, Дикенс во својот дом доживеал уште еден мозочен удар. Не се освестил повторно, а починал утредента на 9 јуни, точно пет години по железничката несреќа.

92-годишна жена ја открива суштината на животот: „Можат да ви зборуваат што сакаат, среќата се крие во ова!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.