Профемина 2018: Кожата говори за вас

Разговор за негата и убавината

Не пропуштајте да бидете дел од конференцијата Профемина во чиј фокус се токму жените

Колку се грижите за вашата кожа? Дали знаете правилно да ја негувате? Обрнувате внимание на тоа какви производи користите? Дали ви се познати правилата што може да ви помогнат да го надмудрите времето? Кои лекции уште треба да ги научите?

Адекватната и навремена нега е клуч за здрава, блескава и младешка кожа. Колку и да сте зафатени, не смеете да заборавите дека кожата говори за тоа колку се грижите за себе и својата убавина.

Како да ѝ го дадете на вашата кожа третманот што го заслужува, ќе имате можност да дознаете на второто издание на регионалната конференција Профемина, што ќе се одржи овој петок на 30.11.

Втората кејс-студија со наслов „BEAUTY TALK: Кожата говори за вас“, што почнува во 12 часот и е под покровителство на Vichy, ќе биде посветена токму на оваа тема.

Ивана Јанева Попов, како претставничка на „Септима“, ќе ве запознае со најдобрите производи за нега на кожата, а м-р. д-р Наташа Теовска Митревска, дерматовенеролог од „Ре-Медика“, ќе ви укаже на ризиците од несоодветната грижа за кожата. Познатата водителка Татјана Стојановска, пакќе ви ги открие тајните на својот младешки изглед.

Истовремено, ќе имате можност да видите во живо како професионалната шминкерка Магдалена Медичи го подготвува лицето за шминка, со помош на моделот Ведрана Ѓорѓевиќ.

Не пропуштајте да бидете дел од конференцијата Профемина во чиј фокус се токму жените. Оваа година ставаме акцент на убавината, негата, здравјето и на сè што е од исклучителна важност за припадничките на понежниот пол.

Жените сакаат да разговараат, да дискутираат, да прашуваат и да споделуваат, но сакаат и поддршка.

Влезот е слободен, потребно е само да го потврдите вашето присуство на мејл адресата event@colormedia.com.mk, или на тел 02/2341405 најдоцна до среда. Повикајте ги и пријателките, нашите партнери обезбедија голем број на изненадувања и подароци. Се гледаме на 30 ноември!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.