Профемина 2018: Дали знаеме колку е важна негата на косата и скалпот?

Негата на косата и скалпот е од клучно значење за изгледот на една жена

Revalid ќе ви овозможи да ги добиете сите потребни информации што ќе ве одведат на патот до здравата и квалитетна коса

Косата се смета за симбол на елеганција и женственост и е заштитен знак на многу жени. Без разлика дали е долга, куса, права или кадрава, косата е едно од првите нешта што ни паѓаат во очи кога ќе здогледаме една жена.

Сите дами копнеат по здрава и блескава коса, но ретко која од нив е подготвена да ги преземе потребните мерки за да го сочува нејзиниот квалитет.

Во трката со времето и брзиот начин на живот, многу често се случува да ја запоставиме негата на косата. Но жонглирањето со многуте обврски, не смее да ја попречи грижата за себе и својот изглед.

Негата на косата и скалпот е од клучно значење за изгледот на една жена, но дали знаете колку навистина е важна?

На третиот панел на регионалната конференција Профемина, што ќе се одржи овој петок (30.11.2018) во хотелот „Александар Палас“, ќе се дискутира токму за тоа.

Revalid ќе ви овозможи да ги добиете сите потребни информации што ќе ве одведат на патот до здравата и квалитетна коса. Под водство на модераторот Бојан Гиевски, на овој панел своите искуства ќе ги споделат познатата тв-водителка Лила Филиповска, д-р Дејан Филиповиќ, дерматолог во поликлинка „Бит Пазар“, фризерот Бојан Сејменовски и д-р Верица Ристовска, претставничка на „Ревалид“.

https://www.instagram.com/p/BmQY4DBgbru/

Овој панел ќе започне во 13.45 часот, но не пропуштајте да ги проследите и другите интересни панел-дискусии и кејс-студии. Оваа година ставаме акцент на убавината, негата, здравјето и на сè што е од исклучителна важност за припадничките на понежниот пол.

Жените сакаат да разговараат, да дискутираат, да прашуваат и да споделуваат, но сакаат и поддршка.

Влезот е слободен, потребно е само да го потврдите вашето присуство на мејл адресата event@colormedia.com.mk, или на тел 02/2341405 најдоцна до четврток. Повикајте ги и пријателките, нашите партнери обезбедија голем број на изненадувања и подароци. Се гледаме на 30 ноември!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.