Претопла соба – ризик за здравјето!

Руските лекари се согласуваат за една работа – централното греење претставува голема опасност по здравјето. Затоа апелираат температурата во просториите во кои престојуваме да не надминува 22 степена

Се прашуваме каква опасност може да крие во себе централното греење? На прв поглед никаква! Се чини дека е тука за да нѐ штити од студ, а тоа значи и од настинка. Но воопшто не е така! Централното греење има и „несакани ефекти“. Тоа премногу го суши воздухот во просторијата, а тоа ни носи голем ризик по здравјето.

* Бронхијална астма. Во случај на оваа болест, дишните патишта се воспалуваат и стеснуваат, предизвикувајќи напади на задушување. Премногу сувиот воздух, кој всушност е последица на централното греење, придонесува за развој на опасни воспаленија и може да биде „активатор“ за развој на болеста.

* Влошување на видот. Сувиот воздух им штети и на очите. Со дехидрирање на слузокожата на очите, тој предизвикува пецкање, црвенило и појава на мали крвни садови. Во исто време, видот често слабее, а контурите на предметите се чини дека се разлеани.

* Алергиски компликации. И тоа од сите форми! Сепак, најголемата опасност е тоа што недостигот од влага во воздухот го влошува имунитетот. А токму неговото опаѓање е во основата на сите алергиски реакции.

* Предвремено стареење на кожата. Сувиот воздух ја „вшмукува“ водата од нашата кожна прекривка. Како резултат на тоа, таа побрзо ги губи еластичноста и затегнатоста, станува сува и се забрзува формирањето брчки.

ОСВЕЖУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ

За да го избегнете деструктивното влијание на сувиот воздух, зголемете ја влажноста во станот. Најефикасен начин да го направите тоа е добар јонизатор (го има во продавниците за бела техника), кој многу лекари го препорачуваат поради пандемијата на коронавирусот.

А ако сакате да заштедите, ставајте влажни крпи на радијаторите и менувајте ги веднаш штом ќе се исушат. Не заборавајте да ја проветрувате куќата. Отворајте прозорец од пет до десет минути на секој час. Тоа ќе воспостави соодветна влажност во куќата, така што нема да бидете оставени на милост и немилост на сувиот воздух и вирусите!

 

Суштината е во тоа што недоволната влажност на воздухот во куќата ја суши слузокожата на носот, устата и гркланот.

Нивната способност за заштита моментално опаѓа. Тоа им овозможува на штетните бактерии непречено да навлегуваат понатаму и да се вкоренат во организмот.

А бидејќи устата и носот се главната „влезна порта“ за вируси и бактерии, неможноста за спротивставување на имунолошките сили на овие места нѐ прави особено подложни на настинки и инфекции.

За да се заштитите, користете фармацевтски препарати со морска вода.

Прскајте ги во носот на секои четири часа. Тие ќе го интензивираат навлажнувањето на слузокожата на носот, а активните компоненти во нивниот состав ќе му помогнат на локалниот имунитет да обезбеди добра отпорност на штетните бацили.

 

РАДИЈАТОРИ

Ако се подготвувате да ги смените радијаторите, ставете од оние што овозможуваат да се регулира температурата во просторијата. На овој начин ќе можете да ја зголемите топлината во текот на студено време или да ја намалите во поблаго време.

Текст: д-р Марија Григорјева, интернистка, за „Руски доктор“

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.