Прекрасна приказна што ќе ве трогне: Овој гест докажува колку голем човек е Кијану Ривс!

Голем актер со големо срце!

ФОТО: Profimedia

Прочитајте како славниот холивудски актер му го разубавел денот на еден младич

Кијану Ривс (54) важи за еден од омилените холивудски актери. Тој е неодоливо шармантен, талентиран и секогаш приземен и опуштен кон публиката.

На Интернет може да се најдат многу духовити приказни на сметка на актерот и неговата благородност.

Една од тие приказни е и онаа на Џејмс Датор кој го запознал актерот кога имал 16 години. Датор како средношколец работел во еден театар во Сиднеј каде што едно утро се појавил ни помалку ни повеќе туку Кијану Ривс лично!

„Работам, се досадувам и одеднаш влегува тип во фармерки, кожена јакна со кацига на глава. Ми требаа околу 30 секунди за да сфатам дека тоа е Кијану Ривс.

Сакаше карта за ‘From Hell’, филм на Џони Деп. Толку бев шокиран што има ѕвезда пред мене и го направив тоа што секој 16-годишник би го направил на мое место. Му кажав дека ќе му го дадам мојот попуст за вработени. Тоа би значело дека тој би морал да потпише лист хартија и дека јас би добил автограм“, објаснил.

Но нештата не се одвивале онака како што очекувал.

„’Не работам овде’, ми кажа Кијану збунет од мојата понуда. Испаничив и му наплатив по нормална цена. Се обвинував самиот себеси што не добив автограм. Две минути подоцна слушам тропање на врата од кутијата каде што продавав карти. Мислев дека е мојот шеф. Но тоа беше Киану“, напишал младичот.

Зборовите на актерот го оставиле вчудовиден.

„Сфатив дека веројатно сакаше мој автограм, па го потпишав ова.“

Продолжил Датор да го опишува прекрасниот гест на познатиот актер.

„Ми даде сметка од штандот за сладоледи во близина на која се имаше потпишано. Потоа го фрли сладоледот во ѓубре и отиде да го гледа филмот. Подоцна сфатив дека купил сладолед што не го сакал, само за да добие сметка и да може да се потпише за еден 16-годишен идиот“, заклучил.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.