Предизвик: Келнерка за сметка од 35 долари добила бакшиш од 2020 долари (ФОТО)

Дарежливо

Еден од основачите на популарната група The New Kids on the Block и брат на актерот Марк Волберг, музичарот Дони Волберг на сметката од 35 долари додал 2020 долари бакшиш за келнерката во едно кафуле во Масачусетс.

Имено, келнерката Дениз Ендру на социјалните мрежи сподели фотографија од сметката заблагодарувајќи се за дарежливиот гест.

Валберг, наводно, секогаш нарачува исто во тој ресторан и секогаш бара иста келнерка, открил сопственикот на ресторанот, Марти Финч, за списанието „Пипл“.

Дони веќе беше тука и секогаш ја бара Дениз. Таа го знае неговото вообичаено мени, кое се состои од стек, аспарагус на скара и поширани јајца“, вели Финч и додава: „На заминување ѝ кажал дека парите се на масата. Дениз секогаш се шегува дека добива добри бакшиши, но кога го виде овој, се стаписа.“

Како што си е ред, Дениз бакшишот го поделила со другите вработени во ресторанот.

Но не е прв пат Валберг да остави голем бакшиш. Имено, Џени Мекарти и тој го започнаа предизвикот # 2020tipchallenge откако оставија бакшиш од 2020 долари во една палачинкарница уште во јануари.


На предизвикот му се приклучија и други ѕвезди, вклучувајќи ги Хари Стајлс, Џејмс Кордон и Адел и многу други.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.