Прашале стогодишна жена што би направила поинаку кога би можела да го врати времето: Одговорот ќе ве расплаче!

Седумдесет и осум години била во брак

Баба од 102 години, по 78 години во брак, открила што би направила поинаку кога би можела да го врати времето

Жена од 102 години, која 78 години била во брак, пред крајот на животот ја прашале: „Што би направила поинаку“, а нејзиниот одговор ја расплакал ќерка ѝ.

Таа не рекла „Би заработила повеќе пари“ или „Би одбрала друг маж“. Кажала нешто многу помоќно: „Побрзо би му простувала“.

Ќерка ѝ збунето ја погледнала, а старицата само благо се насмевнала:

„Толку добри денови потрошивме лутејќи се заради лошите мигови, а мислев дека имаме цела вечност.“

Се присетила на тивките вечери, ноќите кога заспале лути, извинувањата што не си ги прифатиле…

„Еден ден сфаќаш дека победата во кавгата не му додала ниеден ден на твојот брак, а гордоста одзела толку многу моменти.“

Ќерката се расплакала, а остарената мајка ја зела за рака и ѝ го кажала најважното нешто:

„Немој да чекаш некој да си замине за да сфатиш дека таа кавга и не била толку важна, веројатно нема ни да се сеќаваш колку голема била караницата, но еден ден би дала сè за само уште еден ден со личноста што ја сакаш. Затоа, простувај побрзо, сакај додека тој некој сè уште е тука!“

ФОТО: charles Lebegue / Unsplash

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе