Помеѓу тоа да се биде во право или да се биде љубезен, секогаш бидете љубезни: Лекција на психолог што мора да ја прочитате!

Вреди да се прочита

Има една одлична реченица од којашто можете да научите многу за животот, запомнете ја и повторете си ја во себе кога некој ве критикува. Таа гласи: „Она што го мислите за мене, не е моја работа“

Вејн Дајер, доктор по психологија и еден од најистакнатите писатели на современа мотивациска литература, открива зошто никогаш не би требало да се расправате околу тоа дали сте во право или не – вие знаете што е вистината, па туѓото мислење воопшто не треба да ве засега.

Како што вели тој, помеѓу тоа да се биде во право или да се биде љубезен, секогаш одбирајте да бидете љубезни, еве и зошто:

„Единственото нешто што треба да го запомните е да се ослободите од потребата за репутација. Има една одлична реченица од која можете многу да научите за животот, запомнете ја и повторете си ја кога некој ќе ве критикува.

Таа гласи: ‘Она што го мислите за мене, не е моја работа’.

Исто така, постојано имаме потреба да бидеме во право. Сум го кажувал ова повеќепати низ годините, кога имате избор да бидете во право или да бидете љубезни, секогаш бидете љубезни. Одберете ја таа опција. Кога ќе видите дека луѓето сакаат да ве победат со аргумент за да обвините некој друг, а тоа постојано се гледа во љубовните врски, ако можете, застанете и кажете си: ‘Дали би можел да кажам нешто убаво сега? Што можам да кажам за оваа личност да се чувствува подобро?’

Егото е задолжено за изборот помеѓу тоа да победиме или да бидеме во право. Егото нè учи дека сите ние сме човечки суштества кои имаат спиритуално искуство.

Потсетете се на тоа дека вашата суштина е во светот на спиритуалноста. Како што кажал Исус: ‘Душата ни дава живот, без неа нашето тело не вреди ништо.’

Тоа е Егото“, заклучува доктор Дајер.

Познатиот психолог Дејл Карнеги го знаел точниот рецепт за среќа: Овие совети ќе ви го променат животот од корен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.