Поголемиот задник значи и поголема интелигенција: Науката тврди дека жените со облини се попаметни!

Ви се верува?

Телото може да открие многу за здравјето и интелигенцијата на жената, барем така тврдат некои истражувања

Истражувањето спроведено на универзитетот Оксфорд тврди дека жените кои имаат поголем задник имаат повисока интелигенција и помалку се склони на хронични заболувања, за разлика од жените со спортска градба.

Жените со градба на телото во облик на крушка имаат пониско ниво на холестерол, а исто така и поретко заболуваат од кардиоваскуларни болести, благодарение на хормоните во нивното тело кои со поголема брзина ги преработуваат маснотиите.

Нивното тело содржи повисоко ниво на омега 3 масни киселини што поволно влијае и на мозокот.

„Обрнете внимание на луѓето со тело во форма на круша и ќе видите дека со во одлична здравствена состојба.“

Лекарите објаснуваат дека најдобро е телото да складира сало во долниот дел од телото, бидејќи на тој начин не ги оптоваруваат другите органи.

Позицијата на салото во телото придонесува за општото здравје, па затоа дамите со тело во форма на круша се вистински среќнички.

Истражувањето покажало дека тие во својот организам имаат повисоко ниво на хормони кои го контролираат крвниот притисок и дијабетесот, како и дека имаат подолг животен век.

Сите овие заклучоци се изведена врз основа на неколку истражувања спроведени на 16 илјади жени.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.