Подарок за 1 читателка: „Магијата на верувањето“

Безвременски водич за чудесната моќ на вашиот ум

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Сакате да станете поуспешни во работата, поисполнети во приватниот живот и повлијателни во комуникацијата со луѓето? Верувајте во оваа книга и применете ја во животот ‒ и ќе видите дека „Магијата на верувањето“ прави чуда!

Благодарение на овој докажан водич за самопомош, што и по 70 години од своето прво издание го задржува приматот на една од најзначајните мотивациски книги на сите времиња, милиони читатели низ светот ги имаат почувствувано придобивките од безграничната моќ на верувањето.

Црпејќи од личниот пат до успехот, без апстрактни теоретизирања, авторот Клод Бристол ни дава практични совети за тоа како да ги претвориме соништата во реалност. Своите директни сознанија ги преточува во ефикасни чекори за достигнување на сите краткорочни и долгорочни цели: подобра работа, зголемен приход, посреќен брак, или едноставно, душевен мир.

Неговото тајно оружје се силата на позитивната мисла и безграничната моќ на потсвеста ‒ а мотивациските техники во книгата се универзални и еднакво применливи и денес.

Доколку сакате да го добиете овој подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од февруарската „У&З-лавина“. Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во мартовскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Издавачки центар ТРИ на 16 февруари (сабота) ќе ја промовира својата прва музичка сликовница „Авантурите на Лисичко и Калинка“, што ќе се одржи во Јавна соба, со почеток во 12 часот. „Авантурите на Лисичко и Калинка“ е оригинален мултимедијален проект кој ТРИ го реализираше со тим од млади автори како одговор на потребата од оригинална содржина наменета за најмладите.

Ликот на Лисичко, кој е веќе познат преку сопствениот Јутјуб канал, во оваа сликовница ги поведува децата низ своите авантури преку десет прекрасни песнички – реденки, бројанки и приспивалки – а низ веселите игри ги учи за другарувањето, за хигиенските навики, за годишните времиња. Сликовницата на еден поттикнувачки и прониклив начин ќе го направи учењето позабавно ставајќи го во фокус најприродното нешто за децата – играта. Нејзината цел е да ги учи децата на вистинските вредности и да им ја пренесе љубовта кон книгата и музиката уште од најраните години. Секоја сликовница е збогатена со аудио цеде на кое песничките се интерпретирани од детското хорче „Фалсето“, кои гарантирано кај секое дете ќе побудат интерес и емоција.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.