Подарок за 1 читателка: „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама

„Becoming“ урива рекорди во светски рамки, со продадени над 10 милиони копии и е мошне извесно дека ќе стане најпродаван мемоар на сите времиња

Литература.мк ќе израдува еден читател на „Убавина и здравје“ со популарното дело на бившата прва дама на САД Мишел Обама.

Станува збор за автобиографската книга „Becoming: Мојата приказна“, која излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

„Becoming“ урива рекорди во светски рамки, со продадени над 10 милиони копии и е мошне извесно дека ќе стане најпродаван мемоар на сите времиња.

Мемоарите се поделени во три дела: „Како настанав јас“, „Како настанавме ние“ и „Како настанавме уште повеќе“, а во нив пишува за своето детство, студентските денови, расизмот, бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, за нивните ќерки и искуството во политиката.

Сè уште има многу нешта што не ги знам за Америка, за животот, за сето она што иднината би можела да го донесе. Но, се познавам себеси. Татко ми Фрејзер ме научи напорно да работам, често да се смеам и да си стојам на зборот. Мајка ми Мириан ми покажа како да размислувам со своја глава и како да го користам ставот што го имам. Тие двајцата заедно, во нашиот збиен стан во чикашкиот Саут Сајд, ми помогнаа да ја согледам вредноста што ја има во нашата приказна, во мојата приказна, во пошироката приказна на нашата земја. Дури и кога таа приказна не е ниту убава ниту совршена. Дури и кога таа приказна е пореална отколку што сакате да биде. Вашата приказна е нешто што го имате, нешто што ќе го имате засекогаш. Таа е нешто што го поседувате“ – вели педесет и петгодишната Мишел Обама во книгата.

Доколку сакате да ја добиете на подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од роденденската (мајска) „У&З-лавина“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во јунскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.