Подарок: Неверојатна приказна попрскана со малку волшебна прашина – „Срце од мастило“

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Безвременска приказна за книгите, имагинацијата, животот. Би се осмелиле ли да ја прочитате наглас?

Издавачкиот центар ТРИ на еден читател на ноемврискиот број на „Убавина и здравје“ ќе му го подари романот „Срце од мастило“ од Корнелија Функе.

Дванаесетгодишната Меги неочекувано дознава за необичната дарба на својот татко Мо – кога чита наглас, тој ги оживува ликовите од книгите. Една дамнешна вечер тој толку вдахновено ѝ читал од Срце од мастило што неколку негативци од книгата влегле во нивниот живот. А потоа Мо открива нешто уште пострашно – во мигот кога ги „исчитал“ злобниот Каприкорн и неговиот помошник, во книгата ја „вчитал“ Мегината мајка!

Опкружени со своите книги, Меги и татко ѝ не ни сонуваат дека наскоро од корен ќе се променат нивните животи. Каприкорн со години трага по книговезецот Мо сакајќи да ја искористи неговата дарба за остварување на своите мрачни цели. А кога ќе успее да го киднапира, Меги и нејзините реални и измислени пријатели тргнуваат во авантура за каква што дотогаш само читала во своите книги – за да го спаси саканиот татко и да ја затвори последната страница од магичната книга.

Доколку сакате да ја добиете оваа книга на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во декември. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.