Пишувачки предизвик „Карантински приказни“

Нова акција на „ТРИ“

Рокот за праќање на творбите е до крајот на април, на redakcija@kniga.mk

Издавачки центар ТРИ ја започна акцијата „Пишувачки предизвик“, наречен „Карантински приказни – Антологија на изолацијата“.

Нејзина цел е да се поттикнат и соберат најоригиналните и најинтересните раскази настанати во ова тешко време што сме принудени да го поминеме во изолација и дружење најмногу со себе и сопствените мисли.

Со цел да се создаде траен запис за еден од најдраматичните периоди од нашиот живот,  „Карантински приказни – Антологија на изолацијата“ има задача да биде хроничар на новото време што го сведочиме и сведоштво за реалноста со која сите сме соочени.

Со собирање на кратки раскази што се очекуваат од сите пишувачи кои во овие моменти имаат инспирација и сила за пишување, оваа акција е добар потег за засведочување на овој бурен и на моменти нестварен период.

Издавачки центар ТРИ ги охрабрува сите пишувачи – искусни и помалку искусни, да земат учество во овој интересен предизвик и да праќаат раскази на темата. Таа нема ограничување во однос на стилот и обемот.

Сите творби ќе бидат внимателно прочитани од Редакцијата на ТРИ и ќе бидат објавени во една книга, а за авторите на најдобрите раскази постои можност за подолгорочна соработка со ТРИ.

Книгата нема да биде продажна и ќе биде достапна во електронска верзија за сите читатели.

Рокот за праќање на творбите е до крајот на април, на redakcija@kniga.mk

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.