Палатата каде што се одржува Канскиот филмски фестивал ја отвори вратата за бездомниците

Покрив над глава!

За време на карантинот, француските власти им ја отстапија на бездомниците Палатата на фестивали и конгреси, каде што се одржува Канскиот филмски фестивал секоја година.

„Од 50 до 70 луѓе преноќуваат тука секоја вечер“, вели Доминик Од-Ласет, официјален претставник на Канскиот филмски фестивал. На влезот во палатата, чувар во заштитна маска ја мери температурата на секое лице кое влегува. Големата сала во внатрешноста е преработена во спални соби, а креветите се поставени во редови. За бездомниците, достапна е и трпезарија, туш и заедничка просторија со ТВ и друштвени игри. Исто така, има куќи за кучиња во случај гостите да доаѓаат со своите миленици.

Вкупно, во Франција има околу 12,000 бездомници, кои се најголем проблем со сместување во карантин.

Канскиот филмски фестивал требаше да се одржи од 12 до 23 мај, но беше одложен поради пандемија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.