Со нив управуваат невидливи сили кои им даваат извонредни вештини и непоколеблива интуиција
Името потсвесно многу влијае врз физичкиот изглед и карактерот, поради што многу родители внимаваат да му дадат моќно име на детето. Честопати, името на човекот не го открива само неговиот карактер, сила и слабости, туку и неговата скриена вистина.
Многу од нас имаат предиспозиции за супермоќи: некои имаат претскажувачки соништа, други можат интуитивно да почувствуваат неволја и опасност, а некои зрачат со таква посебна топлина што сите околу нив, буквално, се исцелуваат кога ќе се најдат во нивната орбита.
Некои женски имиња сигнализираат дека жената има огромен потенцијал и дека може да ги развие тие способности. Еве за кои имиња станува збор…
Вера
Ова име зборува само за себе: неговите носителки имаат шесто сетило и ретко грешат. Имаат способност да ги разбираат работите, без потреба од рационално размислување, туку инстинктивно. Една од најважните причини зошто жените по име Вера се поспособни да донесуваат тешки одлуки од другите е тоа што научиле да им веруваат на своите инстинкти.
Катарина
Благодарение на нивната единствена интуиција, жените по име Катарина често постигнуваат големи успеси во кариерата. Тие се интуитивни лидерки кои не се плашат да донесуваат одлуки. Но тие не брзаат. Му даваат време на своето шесто сетило да ги разгледа сите опции, пред да донесат конечна одлука.
Елена
Нивната перспектива и перцепција се многу пошироки од туѓите. Можат да предвидат како ќе се одвиваат случувањата. Тие се многу чувствителни жени со великодушен став кон другите. Поради тоа, одлични се во работата и градат добри лични односи. Со тоа што ги исполнуваат потребите на секој член на семејството или тимот, тие создаваат атмосфера во која се почитува сечие мислење, новите идеи се добредојдени, а индивидуалните таленти се ценети.
Кристина
Жените по име Кристина имаат голема страст кон животот и работата. Оваа страст е заразна и се манифестира во срцата и умовите на другите. На тој начин, генерираат стремеж за извонредност и желба за успех на организациско ниво. Тие се одлични мотиваторки и лидерки во кариерата. Освен тоа, поседуваат одлична интуиција, што им овозможуваат однапред да почувствуваат кога нешто ќе тргне наопаку. Секогаш чувствуваат кому може, а кому не може да му се верува.
Јулија
Некои луѓе со ова име може да доживеат визуелни пораки, како случајни слики. Други може да слушнат внатрешни разговори или физички сензации, како ежавење, главоболки или пеперутки во стомакот. Овие сигнали често доаѓаат низ емоциите. На пример, кога интуицијата не им дозволува да донесат одредена одлука, им се појавува чувство на непријатност или неизвесност. Тоа може да бидат чувства на опуштеност или исчекување, кои ги носат по патот до поголема благосостојба.