Онлајн-настава, онлајн-конференции, онлајн-тренинзи… Кои се предностите на новиот виртуелен живот?

Ги прашавме нашите соговорници

Колку од вашите омилени активности се префрлија во сајбер-просторот?

МОЖНОСТ ДА СЕ НАДМИНЕМЕ СЕБЕСИ

МИЛОШ Б. АНДОНОВСКИ, театарски режисер

ЗА ОНЛАЈН-ПРЕТСТАВИТЕ: Претставата „Иднината е приватна“ што требаше да се одржи во живо, премиерно се одржа онлајн, од причина што не сакавме да чекаме некакви протоколи за работа и да останеме пасивни. Освен тоа, содржината на претставата одговараше на тој онлајн-формат и за кратко време успеавме да ја одиграме пред само еден гледач во публика, а истовремено со пренос во живо за публиката дома.

НАЈГОЛЕМИТЕ НЕДОСТАТОЦИ: Немавме класичен процес на подготовка, па постојано се прашувавме што е тоа што го работиме. Беше многу напорно, но успеавме да ја најдеме средината, особено актерите во нивната актерска игра, кои успешно балансираат помеѓу сценско и филмско играње. Најголем недостиг, секако, е отсуството на публиката. Енергијата и повратните информации по завршувањето на изведбатаовој пат отсуствуваа и ни пристигнуваа виртуелно на социјалните мрежи.

ПОЗИТИВНИ СТРАНИ: Не би рекол дека има некои особени предности, освен дека станува збор за ново искуство, благодарение на кое сите од екипата се надминавме себеси.

ТЕАТАР ВО САЈБЕР-ПРОСТОРОТ: Ниту технологијата ниту, пак, ние самите сме подготвени за вакви подвизи. Потребни се многу повеќе работа и труд одошто е навикната нашата театарска средина. Публиката следи онлајн-форми сè додека се бесплатни, што претставува недоволна поддршка за уметниците, особено невработените, кои творат во вакви вонредни околности. За технологијата не би ни зборувал. Сведоци сме на безброј примери кога софтверите паѓаат, можеби зашто никој не предвидел дека еден ден сите наеднаш ќе имаме толкава потреба да мигрираме во виртуелниот свет.

ГИ ПРИФАЌАМЕ ПРОМЕНИТЕ

САЊА МАТЕЕВА, инструкторка по танци

ЗА ОНЛАЈН-ВЕЖБАЊЕТО: Танцовиот и фитнес-клуб „Сонриса“ уште на самиот почеток понуди опција за следење онлајн-часови. Тестиравме повеќе платформи, така што нудевме бесплатни онлајн-часови во март. Најдобра се покажа Зум, во однос на пренос на видеото, лесно вклучување на членовите, снимање на часот и слично. Во моментов имаме само онлајн-часови позумба, но тогаш пробавме и со танци, како салса, бачата, регетон…

НАЈГОЛЕМИТЕ НЕДОСТАТОЦИ: Најмногу бевме загрижени за тоа дали нашите членови ќе можат непречено да го следат часот од дома. Се прашувавме како ние ќе можеме да ги видиме и поправиме и колку навистина ќе можат да научат. Најголемиот проблем,кој останува и денес, на Зум е преносот на музиката, поради лошиот квалитет. Но нашите членови го прифаќаат тоа и тренинзите се успешни.

ПОЗИТИВНИ СТРАНИ: Безбедни сме од ковид-19,секој може да извежба од дома и не треба да се троши време за одење во сала. Снимката од онлајн-часот е достапна во следните 24 часа, па доколку некој не стигне на час, може да си извежба сам.

ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ: Според мене, танците треба да останат дисциплини за во сала, бидејќи бараат контакт со луѓе, особено оние што се играат во двојка. Од друга страна, вежбањето онлајн е добра опција доколку вежбачите имаат мотивација да вежбаат сами. Секогаш постои простор за подобрување на часовите, па затоа инструкторите треба да ги слушаат вежбачите, нивните барања и идеи.

НА СВЕТОТ МУ ТРЕБА МУЗИКА

ПЛАМЕНКА ТРАЈКОВСКА, виолинистка

ЗА ОНЛАЈН-КОНЦЕРТИТЕ: На музичарите им треба публика и на публиката ѝ треба музика. На почетокот правев кратки видеа со ведри композиции, кои ги објавува на Фејсбук,а потоа се охрабрив да организирам прв комплетен концерт со пренос во живо. Првиот концерт „Виолина и филм“ го реализирав на 15 април, како соло-виолина, а потоа следуваа и многу други. Иако не може да се спореди со концерт во живо, сепак служи како алатка што на публиката може да ѝ помогне полесно да ги преброди деновите во пандемија.

НАЈГОЛЕМИТЕ НЕДОСТАТОЦИ: Ми беа потребни многу време и средства за да можам да реализирам концерт онлајн.Во делот на аудиопродукцијата веќе имав претходни знаења, но во делот на видеопродукцијата и преносот во живо требаше да учам многу. Купивкомпјутер, софтвер, кабли, светло… Најголемиот предизвик беа техничките аспекти на преносот во живо. Требаше да обезбедам „сцена“ во мојот дом и да набавам посебна камера. Кога бев подготвена, најмногу ме загрижувашестабилноста на Интернетот. Сè помина во најдобар ред.

ПОЗИТИВНИ СТРАНИ: Иако нема публика и интеракција со публиката, има лајкови и коментари,кои се показател за успешноста на концертот. Музичарите секојдневномораат да вежбаат. Онлајн-концертите ги мотивираат да продолжат да креираат. Најголемпозитивен аспект е бројот на публика. Ако на вистински концерт можат да присуствуваат 1.000 луѓе, на онлајн-концерт бројот е неограничен.

ТВОРЕЊЕ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА: Музичкиот свет е во колапс. Онлајн-концертите само привидно ја подобруваат состојбата. Концертите со протокол се некакво решение. Финансиските резултати од двете се катастрофални. Се надевам дека музичарите ќе бидат хумани и свесни дека нивната музика е насушна потреба за светот во ова тешко време и дека и покрај тоа што не можат да заработат, ќе продолжат да музицираат.

Подготвила: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.