Оливер Млакар: „Боледувам од неизлечива болест“
Легендарниот водител оптимистично порачува: „Не се предавам“
Популарниот водител Оливер Млакар (84) во интервју со магазинот „Хелоу“ откри дека е во добра кондиција и добро здравје, иако боледува од неизлечива болест…
А таа болест е староста. Сите нè чека исто. Нема лек за неа, но јас ѝ се спротивставувам, сè уште не се давам и сè уште функционирам“, вели Оливер, и додава дека староста му е убава и дека ужива во неа.
До 100-от роденден имам уште 16 години, кои можат да се искористат“, оптимистично порача.