Обликувајте мафини со лажица за сладолед

Лесно како песна

Малкумина можат да им одолеат на мафините – сочни се и вкусни, а се приготвуваат брзо и едноставно. Солено или слатко тесто најчесто распоредуваме во хартиени кошнички, силиконски или метални калапи за мафини, приближно, не мерејќи го прецизно количеството.

Поради таа причина, понекогаш додаваме повеќе, па смесата се излева од калапот, или мафините ни излегуваат помали отколку што сме сакале.

Овој процес може да биде полесен и побрз ако употребиме лажица за сладолед.

Таа овозможува смесата рамномерно да се распореди, па сите мафини да имаат иста величина.

Фото: Stockfood

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.