Ни трага од страсната љубов: Пејачката останала сама на улица со 2-годишниот син

Ова е нејзината приказна...

Љубовната приказна на Селма Бајрами и Мујо Мишиќ почнала пред околу седум години, кога познатата босанска пејачка таткото на своето дете го запознала на една забава. По краткотрајна врска, запловиле во брачните води.

По венчавката мислев дека сета среќа е на мојата страна, меѓутоа мојот сопруг и јас сфативме дека не сме еден за друг и одлучивме да се разведеме за да може нашиот син Дарис да расте во дом без кавги. Беше полесно да се испланира отколку да се направи, па така јас останав со двегодишно дете и два куфери пред вратата“, раскажа Селма.

Во тој момент таа била целосно сама во Австрија, германскиот јазик не го знаела доволно, а била и пред финансиски колапс бидејќи не работела. Набрзо нашла стан и запишала курс.

Знаев дека морам да бидам дел од овој град доколку сакам да го обезбедам своето дете“, изјави Селма.

Иако се обидувала да има нормална комуникација со сопругот, тој одлучил да и’ го одземе детето.

Поминав низ страшна агонија. Дарис беше мал, но почувствува дека нешто се случува, не му беше јасно зошто повеќе не сме заедно. Тој започна да се повлекува во себе и тешко да зборува. Го одведовме кај психолог и за среќа беше утврдено дека има бариера поради двата јазика на кои зборуваше“, раскажува Селма.

Тој денес ја надмина таа пречка, а Селма вели дека е исклучително среќна.

Не го ограничувам неговиот однос со таткому бидејќи знам дека и двајцата сме му потребни за нормално растење. Се трудам со синот, и покрај тоа што мојата работа е специфична, да поминувам што повеќе време“, заклучува Селма.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.