Необична љубовна приказна на Тијана и Милан Дапчевиќ

Било „пишано“ да се сретнат

Фото: Инстаграм

Тијана и Милан Дапчевиќ се запознале на кошаркарски натпревар во Сомбор, а по врска од четири дена, почнале да живеат заедно. На 28-ми април 2001 година го изговориле и судбоносното „да“.

 

 

View this post on Instagram

 

Mile moj❤️ #tb #kop

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on

Меѓутоа, неколку години подоцна нивниот брак го зафати криза откако, наводно, Милан бил фатен во незгодна ситуација со една келнерка, а според написите на медиумите, Тијана му го простила тоа и повеќе никогаш не зборувала за инцидентот.

Но во 2015 година повторно се појави вест за нивната брачна криза. Имено, беше објавено дека Тијана неколку дена била разделена од Милан за да си ги среди мислите, но сепак на крајот сфатила дека не може да живее без сопругот.

Во една пригода, поп-пејачката изјави дека нејзиниот брак не е идеален, но дека опстанува благодарение на љубовта која Милан и таа ја чувствуваат еден кон друг.

Од бракот го имаат синот Вук, а Тијана минатата година, кога на Милан јавно му ја честиташе 18-годишнината од брак, открила уште еден интересен детаљ за нивната љубов.

 

 

View this post on Instagram

 

Mi u #BećUNemaćku💜

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on

Мајка ми (многу пред да стане тоа), ја читала приказната на Ѓура Јакшиќ за Тијана, која била вљубена во Милан. Поради таа Тијана на Ѓура, подоцна одлучила дека и јас треба така да се викам. Две училишта, една академија и неколку ‘љубови’ подоцна, го запознав Милан на место на кое не ни знаев дека можам да бидам (кошаркарски натпревар), затоа што не поднесувам спорт. Оттогаш, ние двајца поднесуваме сѐ. Оттогаш, сите мисли ми почнуваат со множина. Нека ни е среќна годишнината, љубов моја”, напиша Тијана минатата година на социјалните мрежи.

Извор: tocka.com.mk

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.