Неколку навики за кои често не сме свесни, а кај другите предизвикуваат иритација

Дали и вие имате некоја од овие навики?

Повеќето луѓе имаат одредена работа што ги вознемирува кај другите луѓе, од „пукање” на зглобовите до луѓе кои полека одат или патници на јавен превоз кои гледаат во туѓи мобилни телефони. Сите овие мали нешта можат да предизвикаат голема иритација кај другите, но истражувањата покажаа дека луѓето не ги прават овие работи намерно, туку дека има одредено објаснување за нив.

Кликнување на пенкало, тропање на маса или играње со разни предмети

Луѓето често ги прават овие работи без притоа да забележат дека ги прават. Овие постојани активности честопати се причина за лутина кај другите луѓе. Пред да започнете да викате, запомнете дека ова е единствениот начин на кој некои луѓе можат да се опуштат. Луѓето често страдаат од нарушување во кое неконтролирано повторуваат една акција. Честопати е знак на нервоза, вознемиреност или аутизам.

Гледање во туѓ телефон

Ова стана вистински феномен и го доби своето име, „сурфање преку рамо“. Деведесет и седум проценти од луѓето гледаат во нечиј телефон, но ретко го прават тоа намерно или со некоја злонамера. Иако не е љубезно да се погледне во нечиј телефон, повеќето луѓе го прават тоа од досада. Кога сте во јавен превоз, вашиот мозок знае дека најинтересен е екранот на телефонот и честопати не може да одолее на искушението.

Бавно одење

Лутината и иритацијата што ги чувствувате кога луѓето премногу бавно одат пред вас, го носи името, „гнев на тротоарот“. Научниците тврдат дека овој гнев е причина да се размисли колку време е прифатливо да се потроши на одредено место. Исто така, многу луѓе мислат дека луѓето кои одат полека ги кршат непишаните правила на одење, како да има одредена брзина на одење. Во реалноста, секоја личност шета со одредена брзина, во зависност од физичките услови и од тоа како се чувствуваат.

„Пукање” на зглобовите на прстите

Во минатото, родителите им кажале на децата дека тоа не е безбедно за прстите и дека ќе добијат артритис, но научниците покажаа дека станува збор за сосема безбедна акција. Физиотерапевтот Скот Вајс изјави дека желбата да се „пукаат” зглобовите е иста како желбата да се истегнете наутро или после напорниот ден.

Прочитајте и: 10 навики што ќе ве исцедат како крпа: Самите си создавате проблеми!

Користење премногу парфем 

Сите знаат барем една личност која мислите дека користи цело шише парфем. Дури и малку парфем може да предизвика главоболки и иритација кај некои луѓе. Пред да започнете да критикувате некоја личност, треба да знаете дека научниците докажале дека луѓето кои страдаат од депресија често користат премногу парфем затоа што нивните рецептори за мирис се намалуваат и не чувствуваат колку парфем всушност имаат на себе.

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.